еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Музиката од филмот „Големата вода“ на Џајковски, достапна на дигиталните музички сервиси

По објавувањето на музиката за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски кон крајот на минатата година, Филтер Лабел продолжува со изданија од серијалот филмска и театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски.

Музиката од ремек делото „Големата вода“ на Иво Трајков од денеска е достапна на сите дигитални сервиси во светот. Овој материјал на Џајковски е едно од највпечатливите сведоштва за неговиот раскошен талент како композитор на филмска музика и потврда на неговата креативна зрелост.

„На петнаесетте композиции од ова издание, авторот успеал да прикаже подеднаква елоквентност во динамичните, драматични, перкусивни теми (“Chasing Lem”, “Blood Brothers”) и во нежните, елегантни, интроспективни нумери (“The Great Water”, “Forgiveness”, “Farewell”).

Материјалот е мајсторски напишан, аранжиран со исклучително чувство за детали и отсвирен со неверојатна прецизност. Богатите оркестарски текстури и силната емотивност на композициите не се во контраст, туку напротив совршено се дополнуваат. „Големата вода“ ја освои наградата за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија,“ велат од Филтер Лабел.

Албумот со музиката од филмот „Големата вода“ од денеска може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси.

Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса filterlabel.streamlink.

Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови, кои може да ги погледнете на линкот: youtube.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Владимир Кроневски, кој е разрешен од директорската позиција во Службен весник

Редакција

Пендаровски-Фон дер Лејен: Македонија очекува помош од ЕК во справувањето со енергетската криза

Редакција

Цела листа: Кои се новите директори, членови на управни и надзорни одбори назначени од Владата

Редакција