Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, синоќа на трибина во Гостивар, изјави дека телевизиите Телма и Алфа биле „непријатели на Албанците“.
Етикетирањето на телевизиите го направи зборувајќи за судирот со тн. огнена група во неговата партијата.
„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма, мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети.
Фото: ДУИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.