еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Телма: Оркестиран напад на телевизијата од Ковачевски и Ахмети

Владата оркестрирано истовремено преку премиерот Димитар Ковачевски и неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изврши директен напад на нашиот медиум, оспорувајќи го правото на слобода на изразување, но и во време кога телевизијата поставува прашања за кои јавноста мора да добие одговор, реагираат од телевизијата Телма.

-Телевизија Телма секојдевно информира за теми и настани кои се од големо значење не само за демократијата во државата, туку, пред сѐ, за борбата против корупцијата и криминалот, и поставување на европски стандарди во владеењето на правото.

Телма е непристрасен медиум со независна уредувачка политика, во која работат новинари со високи професионални стандарди, а сите објавени информации од страна на телевизијата се во интерес на јавноста. Информациите се темелат на факти и докази кои се проверливи, а за кои имаме поставувано и прашања, и барања до Владата за објавување и објаснување на истите, а за кои до денеска не сме добиле одговор.

Телевизија Телма нема намера да го негира правото на лични впечатоци и перцепции ниту на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту на премиерот Димитар Ковачевски. Но, бидејќи Ахмети директно не прозва како телевизија, а со тоа ја загрози и безбедноста на нашите новинари, а премиерот Ковачевски наместо да го осуди коалициониот партнер, првин избегна да нѐ именува, но даде прецизен опис како во тендерите на некои негови владини институции, каде условите се така опишани што недостасува уште името на компанијата што ќе добие.

И на двајцата би им порачале: Жално е што од позиција на власт го воскреснувате тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и создавање и загрозување на слободата на изразување на медиумите, велат од телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој медиум слободно ја одредува својата уредувачка политика, за ставот на Ахмети побарајте одговор од него, вели Ковачевски

Ахмети им залепи етикета на Телма и Алфа дека биле „непријатели на Албанците“

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Редакција

Пад за 13,3%: Минатата недела 268 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција