еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи: „ТВ Алфа“ е пријател на Албанците и на сите националности кои живеат во Македонија

Телевизија Алфа е пријател на Албанците во Македонија и секаде во светот. Телевизија Алфа е пријател на секоја националност во Македонија. Али Ахмети да излезе од адреналинот, да ги симне еполетите и да се врати во светот на цивилите каде што нема непријатели, стои во реакцијата на директорот на ТВ Алфа, Јани Бојаџи.

-Патем, да посочи еден единствен пример каде што телевизија Алфа навредила било кого заради тоа што тој е Албанец по националност? Најмоќниот човек во владата на Димитар Ковачевски, Али Ахмети, би било добро да одговори на прашањето дали минатонеделната експресна пресуда на Основниот суд Скопје против Телевизија Алфа а во врска со даночни настани од 2014 година ги има нарачано тој, со цел да се пресмета со како што ги нарекува „непријателите“ од телевизија Алфа?

Бидејќи е јасно дека ова е предизборна кампања, мене лично како гласач политичарот Али Ахмети ми е поприфатлив кога пее песни во кабинетот со цигара во раката, отколку кога се расфрла со воени повици и непријателства.

Колку да не мисли Ахмети дека плаши некого, Алфа телевизија и понатаму останува на своите уредувачки определби во кои слободата на изразување е првата и последна точка од будалија до демократија.

Ако сме за битки, во таа битка Алфа телевизија ќе се бори со своето најмоќно оружје – вистината и слободата на изразување, вели Бојаџи, откако Ахмети на синоќешната трибина во Гостивар, порача дека телевизиите Алфа и Телма биле „непријатели на Албанците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно, регираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Али Ахмети не смее да етикетира медиуми, регираат од Здружението на новинарите на Македонија

Ахмети им залепи етикета на Телма и Алфа дека биле „непријатели на Албанците“

Фото: Фејсбук/Бојаџи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 71 болни од Ковид-19

Редакција

Заев ќе отпушти дел од советниците и соработниците, поради телефонското наседнување на украинските комичери

Редакција

Уставните судии го одложија изјаснувањето за помилувањата на Иванов

Редакција