еМагазин
Image default
Македонија

„Таргет Тврдина“ распределен кај судијата Илија Трпков

Предметот „Таргет Тврдина“ е распределен кај судијата Илија Трпков, потврдија од Основниот Кривичен суд – Скопје за Телма, откако до нив пристигна одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот во кој поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како и поранешни вработени во УБК и МВР се обвинети за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права.

Предметот е распределен на Судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков затоа што претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал (водечката судија е во друг оддел, а вториот судија е адвокат).

Трпков беше судија и на предметите „Организатори на 27-ми април“ во кој беше обвинет и Трајко Вељаноски како собраниски претседател, „Плацови на Водно“ во кој обвинети се Орце Камчев и Сашо Мијалков и предметот за убиството на Тушевски во 2001, „Ровер“ за што беше обвинет некогашниот министер, Љубе Бошкоски.

Апелациониот суд најави дека анонимизираната одлука, решение за поништување на пресудата, ќе биде објавено на веб страната на судот.

Во врска со одлуката за „Тврдина таргет“, Судскиот совет утврди дека судијата-известител ги пречекорил сите временски рокови за одлучување со што целиот предмет е во опасност да застари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 77 пациенти, а вкупно се лекуваaт 654

Редакција

Поради отсуство на обвинителката Стефанова и судијата Ставрев одложено судењето за „Титаник“

Редакција

Починаа пет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 505

Редакција