еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР ќе ѝ врачи протестна нота на македонската амбасадорка Поповска за нападот врз секретарот на „Цар Борис Трети“

Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе ѝ врачи протестна нота на амбасадоката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска поради нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Од таму велат дека „ќе побараат од властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите.“

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во телефонскиот разговор со Бујар Османи добил уверување дека ќе ја добијат потребната помош од локалните власти.

Од бугарското МНР подвлекуваат дека со месеци очекувале „властите во Северна Македонија да преземат итни и ефективни мерки против сериозната ескалација на злосторствата од омраза и манифестации против Бугарите во земјата.“

„Бугарската страна сè уште нема добиено официјални информации за истрагата и спроведувањето на правдата во врска со последните напади, вклучително и пукање со огнено оружје, врз организацијата „Цар Борис III“ од крајот на 2022 година.

За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани.

Очекуваме земјата која ја декларира својата желба да биде дел од Унијата заснована на слобода, демократија и владеење на правото, да вложи доследни и реални напори за исполнување на своите заложби поврзани со заштитата и гарантирањето на човековите права. За жал, последниве месеци сме сведоци на токму спротивните трендови во општеството на Северна Македонија.

Постоењето на проблеми со правата на Бугарите во Северна Македонија не може да продолжи да се негира и од локалните власти и од меѓународните партнери. Очигледно, тоа само води кон нивно продлабочување и е неспоиво со членството во Европската Унија“, реагираат од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Фото: Бугарско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Значително зголемен интересот за вакцинација

Редакција

Сите детали од законот за отпис на камати и репрограмирање долгови: Кој ќе „куртули“ од извршителите?

Редакција

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Редакција