еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот министер за надворешни работи Милков се закани со вето, во Софија протести заради претепувањето на Пендиков

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков изјави дека „без исполнување на потребните критериуми за членство во ЕУ, Бугарија не може да се согласни Северна Македонија да стане членка на Унијата.“

„Кога ќе го променат однесувањето, тогаш ќе кажеме „да“ за нивна интеграција“, порача Милков на софискиот аеродром додека го чекаше авионот со кој се пренесе секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, на лекување во Софија.

„Секретарот на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше жртва на тепање, со воено-транспортен авион „Спартан“ денеска ќе биде пренесен на лекување во Софија“, соопшти вчера Амбасадата на Бугарија во Македонија.

За денеска во 12 часот пред зградата на Европската комисија во Софија се најавени протести чие што мото е „Правда за Христијан од Охрид! НЕ за дискриминацијата на Бугарите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од напаѓачите на Пендиков го удрил по глава и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“, велат за ицидентот во Охрид од Обвинителството

Ковачевски и Донев го осудија инцидентот во Охрид

За Радев претепувањето на секретарот “Цар Борис Трети“ било резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија

Фото: Фејсбук/Милков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

820 нови случаи на Ковид-19 од 2.019 тестирања, најмногу во Скопје 279

Редакција

Ако има најава за причестување од иста лажичка го осудувам и апелирам да не се прави, вели Филипче

Редакција

Судење за „Рекет“: „Куферчево ти одговара со стајлингот, не бива у торба адидас да се“, му вели Камчев на Боки 13

Редакција