еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден од напаѓачите на Пендиков го удрил по глава и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“, велат за ицидентот во Охрид од Обвинителството

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда нанесена врз Христијан Пендиков, секретар на  бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот донесе Основното јавно обвинителство Охрид.

-На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, осомничениот пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите: „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил.

Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе-барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, соопшти државното Јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски, но не кажа во врска со што

Редакција

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Редакција

Уапсениот дипломатот Миленкоски сака да му се суди во Македонија

Редакција