На 29.08.2018 година околу 10,30 часот во Охридското езеро на М.М.(78) од Прилеп кој бил непосредно до брегот, му се слошило и паднал во водата, информира МВР.
Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт. Извршен е увид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.