еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што треба да знаете за новата подваријанта на коронавирусот, „кракен“, кој е регистриран и во Македонија

Очекувано и во Македонија е регистран првиот случај на новата варијанта на коронавирусот, „кракен“ или XББ.1.5.

Станува збор за лице од Гевгелија, но имајќи ги во предвид досегашните искувства со овој вирус, со сигурност може да се каже дека оваа не е единствениот случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија регистриран првиот случај со новата варијанта на Ковид-19, „кракен“

Од онаа што досега е познато за него е дека брзо се пренесува и може да ги надвладее останатите подваријанти на Ковид-19, но сепак не постои причина за загриженост како со претходните подвидови на коронавирусот, на што посочија и домашните експерти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски: Симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка, стари лица со хронични болести се со ризик да завршат во болница

Новиот сој на Ковид-19 „кракен“ е најпренослив, но не е поопасен, вели доктор Пановски

Се смета за вешт избегнувач на антителата и е способен за силен стисок врз површината на ќелиите.

Според експертите, тоа е така најверојатно затоа што има некои големи предности во однос на тековно доминантните соеви на омикрон.

Забрзаното темпо на ширење е веројатно последица на можноста на подваријантата да ја избегне заштитата на имунолошкиот систем обезбеден од претходни инфекции или вакцинирање. Исто така, има мутација на својот шилест протеин – дел од вирусот што се врзува за клетките на домаќинот – што може да обезбеди одредена предност, посочија од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во својата проценка.

Научниците предупредија дека ранливите групи како што се повозрасните, невакцинираните или оние со компромитиран имунолошки систем се со умерен до висок ризик, но посочуваат и дека најверојатно ризикот е низок за општата популација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

16 дена активизам за борба против семејното насилство, паралелно со Светското првенство во фудбал

Редакција

Светот на работ од Трета светска војна: Израел ќе одговори на нападот на Иран

Редакција

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

Редакција