еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Дел од услугите на Пошта поскапуваат, дел поевтинуват

Агенцијата за пошти одобри нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, што ќе бидат во сила од 1 февруари.

Новите цени за пет услуги се зголемени, а за три се намалени и се донесени на барање на АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје.

Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари ќе се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари.

Пониски се цените за гломазно писмо над 250 до 500 грама (80 денари), за гломазно писмо од 500 до 1.000 грама (128 денари), како и за гломазно писмо над 1.000 до 2.000 грама (176 денари), се наведува во решението од Агенцијата за пошти.

Новиот ценовник е достапен на веб страницата на „Пошта“, која согласно со последните законски измени има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до крајот на годинава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Испитани илјадници примероци – ниту еден не потврдил дека милениците го шират коронавирусот

Редакција

Поради корона вирусот Драмскиот театар во Скопје го прекинува репертоарот до 6 март

Редакција

Уапсено 21-годишно момче од Скопје за насилство врз навивачи на софиски ФК Левски

Редакција