еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не ја коментира денешната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во која го потсетува Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

На прашање на МИА, од Кабинетот на претседателот Пендаровски посочија дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност и дека сега надлежностите се кај Владата.

„Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата,“ се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот.

По Советот за безбедност (СБ) што се одржа во понеделникот, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека СБ и предлага на Владата да забрани влез во земјава на еден европратеник и на неколку други лица, поради сомнение дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.

Тој рече дека на 4. февруари кога се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се очекува во земјава да пристигне организирана група од Бугарија со цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска преку социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи треба да одлучи за Џамбаски, вели премиерот

Брисел и Стразбур немало да подржат забрана за влез на Џамбаски, тврди известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ќучук

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тојота автоцентар“ го доби тендерот на РКЕ за набавка на две патнички возила вреден 40.000 евра

Редакција

Истражување: Секој трет преживеан пациент од Ковид-19 има неуролошко или психолошко нарушување

Редакција

Во говор останува лично на секој како ќе го изговори името на државата, тоа прашање е апсолвирано, вели Гаши

Редакција