еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Брисел и Стразбур немало да подржат забрана за влез на Џамбаски, тврди известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ќучук

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР.

Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 4. февруари ќе одлучуваме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев, вели Спасовски

– Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот министер за надворешни работи Милков се закани со вето, во Софија протести заради претепувањето на Пендиков

Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава.

– Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со помош на ЕУ, отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Редакција

Угостителските објекти ќе бидат отворени следната недела

Редакција

ДИК за референдумот за името планира да потроши 169.770.000 денари

Редакција