еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пешак загина во Скопје по удар од возило управувано од 18-годишно момче

Скопјанецот Ш.Р. (71) загина синоќа, во сообраќајна несреќа, во Скопје, откако на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј. (18) од с.Брест, Скопско, кој исто така, се здобил со повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена вчера во 20:15 часот во СВР Скопје.

-На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, наведуваат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое усмрти пешак во Скопје немало возачка, го возел автомобилот на татко му

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Редакција

Црвенковски и Георгиевски единствени живи потписници на Рамковниот договор

Редакција

Половните возила ќе поскапат, Владата ќе ја зголеми акцизата

Редакција