еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ревизорите откриваат:„М-НАВ“ плаќа илјадници евра пенали за некористење заем од ЕБОР од 2013 година

Низа пропусти во работењето на акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ утврдиле државните ревизори по контролата на финансиските извештаи на друштвото.

Од Државниот завод за ревизија (ДЗР) укажуваат дека „М-НАВ“ уште во 2013 година склучил договор за заем од ЕБОР за финансирање на Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација, но и дека по низа пролонгирања на роковите за користење на заемот досега се искористени минимални средства, а се плаќаат пенали за неповлечените пари.

„Констатиравме дека до 31.12.2018 година, „М-НАВ“ има повлечено 919.030 евра од ЕБОР, додека платена е главнина од 186.347 евра, надомест за неповлечени средства во износ од 272.103 евра и камата на повлечени средства во износ од 45.553 евра.

До 31.12.2019 година повелечени се вкупно 3.275.570 евра“, пишува во извештајот.

Ревизорите укажуваат дека поради пролонгирањата и некористењето на заемот, „М-НАВ“ се уште ги нема ставено во оперативна функција потребните системи.

„Посебна приказна“ се јавните набавки во М-НАВ. Ревизорите утврдиле дека Управниот одбор во текот на 2018 година 16 пати го менувал планот за јавни набавки и од првичните 140 планирани постапки за јавни набавки вредни околу 318 милиони денари, тие биле зголемени на 169 постапки вредни 360 милиони денари.

Од нив, во текот на 2018 година биле извршени само 56 постапки со вкупна вредност од околу 100 милиони денари, штѕо е реализација од 27,8 отсто.

Без да се спроведат соодветни постапки на набавки биле потрошени околу 3,7 милиони денари, што според ревизорите не е во согласност со Законот за јавни набавки.

Од ДЗР укажуваат и дека во 2018 година во М-НАВ биле вработени 22 лица, а пет од нив биле прераспределени на работни места за кои не ги исполнуваат условите предвидени со правилникот за систематизација на работните места.

Оттаму посочуваат и дека просторија на М-НАВ била издадена за ресторан без да се запазат процедурите за јавно наддавање и процена на пазарна вредност на закупнината.

Целиот извештај ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Јорданова поднесе оставка од Одборот на директори на РЖ Интер-трансшпед

Редакција

Еден починат, неколкумина повредени во две одделни сообраќајки во Куманово

Редакција

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР

Редакција