еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Еден починат, неколкумина повредени во две одделни сообраќајки во Куманово

Четириесет и осумгодишен кумановец починал од здобиени повреди, а други две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила вчера, кога возило удрило во паркиран автомобил на булеварот „Трета МУБ“, соопшти денеска МВР.

– Вчера, околу 13.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 70 -годишниот М.П. од Куманово, удрило во паркирано патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото, информираше полицијата.

По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

Уште една сообраќајна несреќа се случила во Куманово во која учествувале мотор и автомобил и во која три лица се повредени. Несреќата во кумановската полиција била пријавена 25 минути по полноќ.

– На булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки“, со кумановски регистарски ознаки, на кој се превезувале А.Т.(20) и Д.С.(20), двајцата од Куманово и патничко моторно возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Куманово, соопшти полицијата

По незгодата двете лица кои се превезувале на мотоциклот, како и возачот Д.Т. биле пренесени биле во Општата болница Куманово, каде на А.Т. и Д.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Т. му биле констатирани телесни повреди.

Кумановската полиција извршила увид. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ со нов протест пред МНР побара да се соопшти за што се преговара со Бугарија

Редакција

„Макпетрол“: Пресметките докажуваат дека државата ќе плати повеќе од 1 милион евра за набавката на природен гас

Редакција