еМагазин
Image default
Македонија

Ристовска од СЈО: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) во МВР, е креатор на идејата за масовно прислушување, воден од политички и бизнис интереси. СЈО за да ја докаже неговата вина, има обезбедено многу докази, но и сведоци, кои помогнаа во обелоденувањето на аферата и расветлувањето на мотивите, порача специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“, пренесува Мета.

– Ќе докажеме дека Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ, раководени од желбата за сеопфатна контрола на протекот на информациите, за да стекнат предност во политичка и бизнис сфера, формирале злосторничко здружување, кое преку континуирана злоупотреба на системите за следење на комуикациите, во УБК, вршеле масовно незаконско прислушување – рече Ристовска.

Во тој круг, според обвинителката, се вклучиле и обвинетите Владимир Варелов, Васил Исаковски, Маријан Шумуликовски и сведоците, Маријан Јанкуловски и Звонко Костовски. Тие биле под директна контрола на Мијалков, кој и самиот прислушувал, рече Ристовска.

– Обвинетиот Мијалков како директор на УБК бил организатор на групата и ги држел под контрола и надзор сите учесници, а воедно и самиот незаконски ги следел комуникациите на дел од граѓаните, а имал и преглед на сите броеви кои биле следени. Грујевски како негов најблизок соработник ги проследил барањата и намерите на Мијалков до Николиќ, која ги распоредувала улогите на другите учесници. Таа давала и задачи кои телефонски вроеви треба да бидат таргетирани и транскрибирани – објасни специјалната обвинителка.

Инаку, беше одбиено барањето на обвинтите Сашо Мијалков и  Валентина Симоновска да не им се суди за делото за кое се товарат. Тоа го побараа адвокатите на обвинетите кои се повикаа на амнестијата што претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во 2015 ја издејствува за педесетина лица, тогаш под лупа на СЈО во врска со аферата.

Судијката Џанета Беговиќ, пак, образложи дека барањето е одбиено, бидејќи при оцена на обвинителниот акт веќе било одлучено за оваа околност, односно дека обвинетите не се амнестирани.

Извор/фото: Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов се годинешните добитници на Орден за заслуги

Редакција

Даниела Рендевска е именувана за в.д. претседател на Инспекцискиот совет, на местото на Филиповска-Грашкоска

Редакција

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Редакција