еМагазин
Image default
Бизнис

Драстичен раст на добивката на прилепски „Мермерен комбинат“

„Мермерен комбинат“ АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 оствари приходи од продажба во износ од 1.174.861.000 денари што претставува зголемување за 55% споредено со истиот период изминатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

EBITDA за периодот 1 јануари – 30 јуни 2018 година изнесуваше 815.359.000 денари наспроти остварениот износ од 407.662.000 денари истиот период изминатата година.

Крајниот резултат по оданочување за првиот семестар 2018 година е позитивен и изнесува 666.489.000 денари, наспроти остварена добивка за истиот период минатата година од 290.735.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ банка предупредува на лажни СМС пораки за наводни поштенски пратки

Редакција

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција

Нова листа должници на УЈП: 4.519 граѓани и фирми должат 157 милиони евра за данок и други давачки

Редакција