еМагазин
Image default
Бизнис

Нова листа должници на УЈП: 4.519 граѓани и фирми должат 157 милиони евра за данок и други давачки

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.12.2020 и неплатени до 31.03.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се објавени 1.746 должници – правни лица и 2.773 физички лица (помалку за 18 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата изнесува 9.696.152.167 денари (157 милиони евра), помалку за 391.456.772 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.484.200.060 денари (помалку за 551.359.802 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 211.952.107 денари (повеќе за 159,903,030 денари од претходната листа).

Целата листа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се компании доставиле понуди за „Чебрен“

Редакција

Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Редакција

Буџет 2019: Владата од глоби и такси планира да „прибере“ 34 милиони евра

Редакција