еМагазин
Image default
Македонија

Унгарската претседателка Каталин Новак утре во посета на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на неговата унгарска колешка Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на земјава.

Според најавите од Кабинетот на шефот на државата, претседателката на Унгарија ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.

Во рамки на посетата, претседателите Пендаровски и Новак ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Фото: Фејсбук/Каталин Новак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 364 случаи на Ковид-19 од 2.379 тестирања

Редакција

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ негативен на корона вирусот, останува во изолација

Редакција

Напад врз граѓански организации оти се против „францускиот предлог“

Редакција