Компанијата „Адора инженеринг“ донираше финансиски средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи и предизвика огромна материјална штета во Турција и Сирија, информираат од таму.
-Во овие моменти најважна е солидарноста, а македонскиот народ сочувствува со нашите пријатели од Турција и погодениот регион.
Адора изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во земјотресите, а средствата уплатени преку Халк банка – Скопје се со цел барем малку да се помогне и да се обезбедат неопходните намирници и средства за преживеаните, иако загубата на човечките животи е ненадоместлива, посочуваат од таму.
-Сега е најважно секој од нас, согласно своите можности, да покажеме хуманост, солидарност и човечност на дело, порачува генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.