еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес во Романија почустуван и во Скопје

Граѓаните од Скопје и околината денеска почувствуваа земјотес, чиј епицентар бил во Романија, а во земјава го регистрирала и Сеизмолошката опсерваторија.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 365 километри североисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во Романија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 14 часот и 16 минути со Рихтерова локална магнитуда ML 5.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 309 оздравени од Ковид-19

Редакција

ДИК: Излезноста до 17 часот е 42,85%

Редакција

ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници

Редакција