Заклучно со 14.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 27.909.130 денари, информираат од Црвен крст.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарностана Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош).
Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.
Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња.