Бугарија го одложи воведувањето на еврото до 1 јануари 2025 година, наместо до 1 јануари 2024 година, изјави бугарската министерка за финансии Росица Велкова.
Причина за тоа е што државата доцни со усвојување на законодавството поради нефункционалноста на Парламентот, но и не го исполнува критериумот за нивото на инфлација.
Велкова истакна дека Бугарија нема да поднесе извештај за конвергенција на крајот на февруари, а со тоа се испушта и рокот за влез во еврозоната до почетокот на 2024 година.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.