еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Топлото време продолжува, температури до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници

Редакција

Народната банка вработува шест лица, плата до 61.445 денари

Редакција

Полициски службеник со подршка за нападите на Хамас врз Израел, МВР покрена дисциплинска постапка

Редакција