еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Денеска бесплатно разгледување на Скопје и Битола со туристички водич

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското кале.

– Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12, 13 и 14 часот, а во Битола со почеток во 12 часот.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој разглед и да учествуваат на овој настан ги очекуваме, информираат од Македонската асоцијација за туристички водичи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Татковци од Битола играа со ќерките како подарок за сопругите за 8.Март

Редакција

(Фото) AVON испишува ново поглавје во својата историја и го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

Редакција

„Адора Инженеринг“ купи 13.901 акции од „Комерцијална банка“

Редакција