еМагазин
Image default
Македонија

Кривична за поранешен директор на ЈКП „Водовод“ – Битола поради злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, како што соопштија денеска од МВР, вработен како директор на ЈКП „Водовод“ – Битола, на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство.

Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 година примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

200.000 кинески вакцини треба да стигнат на 28 април

Редакција

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

Редакција

Ферид Мухиќ за насилството во Собрание: Група Албанци со оружје сакале да преминат преку Вардар, но биле спречени од пратениците

Редакција