Дојави за поставени бомби утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.
-Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажни денешните дојави за бомби во дури 120 скопски училишта
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.