еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната

Европската комисија усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната.

„Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. Нашите граѓани сакаат да бидат сигурни дека храната што ја јадат е безбедна, а новите правила се уште еден доказ дека стандардите за безбедност на храната во ЕУ остануваат највисоки во светот,“ рече комесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес.

Со новите правила се намалува дозволената концентрација на неоргански арсен во белиот ориз и воспоставуваат нови гранични вредности за арсен во прехранбените производи на база на ориз, храна за бебиња, детска храна, овошни сокови и сол.

Сегашните максимални дозволени количества на арсен во прехранбените производи беа утврдени во 2015 година врз основа на мислењето на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која наведува дека неорганскиот арсен може да предизвика рак на кожата, мочниот меур и белите дробови.

Арсенот е присутен во ниски концентрации во карпите, почвата и подземните води, а храната и водата за пиење се главните патишта на изложеност на луѓето.

Рударството и согорувањето на фосилни горива може да придонесат за повисоки нивоа на арсен во животната средина, како и употребата на ѓубрива, средства за заштита на дрвја, инсектициди или хербициди кои го содржат загадувачот.

Арсенот е широко распространет загадувач кој се јавува и природно и како резултат на човековата активност. Овој металоид се појавува во различни неоргански и органски форми.

Неорганските форми на арсен се потоксични во споредба со органскиот арсен. Поради проблеми поврзани со анализата на неоргански арсен во низа прехранбени производи, максималните нивоа на арсен првично беа поставени само за оризот и производите на база на ориз.

Откако станаа достапни сигурни аналитички методи, почна да се следи присуството на арсен во житариците, производите на база на житарици (вклучувајќи трици и никулци), сокови од овошје и зеленчук, вода за пиење (вклучувајќи флаширана вода), кафе, суви листови чај, пиво, риба и морски плодови, зеленчук, млеко, млечни производи, храна за доенчиња и мали деца, храна за посебни медицински намени и додатоци во исхраната.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Редакција

Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Редакција

Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за 9 месеци

Редакција