еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

После еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје.

Исклучување на РЕК Осломеј, како што информираат од ЕСМ е со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата, а благодарение на поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на ЕСМ, особено РЕК Битола.

– Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата, се вели во соопштението од ЕСМ.

Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, велат од таму.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил вицепремиерот Љупчо Николовски

Редакција

Продолжува трендот на раст на извозот и пад на увозот

Редакција

Убава вест: Оздравени 722 пациенти од Ковид-19

Редакција