еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Грција млади Грци нападнале македонски православен свештеник

Во Грција млади Грци го нападнале архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник.

Со реакција за нападот се огласи Обединета македонска дијаспора (ОМД), која соопшти детали за нападот.

-Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија” во С’ботско/Аридеја.

Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди.

Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат.

За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо.

Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите.

Очигледно, ова не беше случаен напад, туку планирано и намерно заплашување на постар човек, соопштија од ОМД.

Од ОМД ги повикаа грчката Влада, Европската Унија и сите соодветни меѓународни организации за човекови права да го истражат и да го прекинат заплашувањето на македонските малцинства во Грција.

Од македонската Влада бараат да го осудат нападот и да воспостават политика на нула толеранција за малтретирањето на македонските малцинства и нивните основни човекови права во соседните земји и во светот.

-ОМД со почит апелира до грчката Влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција.

Бараме грчките власти да ги осудат членовите на групата што го изврши нападот и да дадат пример со гонење на сторителите до целосна мерка на законот, велат од организацијата, велат од таму.

Фото: Обединета македонска дијаспора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана вработува психолози

Редакција

„Насилство пред Општина Центар“ продолжува на 24 септември со завршни зборови на Обвинителството

Редакција

Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020, вели Заев

Редакција