Во периодот јануари – декември од деловната 2022 година Ангропромет Тиквешанка АД Кавадарци оствари оперативни приходи во износ од 55.251 илјади денари, кои бележат зголемување за 58% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба бележат зголемување од 68% во споредба со истиот период од минатата година.
Вкупните оперативни расходи во 2022 година изнесуваат 47.603 илјади денари, кои бележат зголемување за 56% во однос на истиот период од минатата година, што се должи на зголемениот обем на работа.
Финансиските приходи во пресметковниот период од деловната година 2022 година се зголемени од финансиските приходи во пресметковниот период на минатата година.
Финансиските расходи во пресметковниот период се поголеми од финансиските расходи од претходната деловната година за 3%.
Ангропромет Тиквешанка за периодот јануари – декември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат, бруто добивка пред оданочување во износ од 6.804 илјади денари, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ангропромет Тиквешанка“ неколкукратно ја зголеми добивката