еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За САД судирот на амеркански дрон и рускиот воен авион е непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување на Русија

САД оперираат во меѓународните води, Црното море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави вчера Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.

-Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на телефонски брифинг за новинарите.

Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија.

Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Москва судирот на американски дрон и рускиот воен авион е провокација

Руски воен авион се судри со американски дрон над Црното Море

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Две лица со агресивно однесување во автобус на ЈСП: „Немој госпоѓо ќе те носам у киселина ќе те топам, не знаеш со кого си имаш работа“

Редакција

(Фото) Хари Костов со капче против топлотниот бран на потпишувањето на договорот за финансирање на East Gate Mall

Редакција

Велјасабота, денот меѓу смртта и воскресението

Редакција