еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на млечните производи и тестенините се намалени, тврди директорот на Државниот пазарен инспекторат

Повеќе од 160 инспектори се на терен низ државата, се постапува без никаква селекција, исклучиво според закон. Од утрово досега е евидентирано намалување на цените и нема нерегуларности, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, кој денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши посети скопски маркет по повод владините одлуки за новите, замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Како што информира Трајковски, детални податоци од инспекциските надзори ќе бидат соопштени во текот на денот или утре.

Според него, ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности.

-ДПИ постапува со полн капацитет. По увидот на фактичката состојба, во текот на денот ќе можеме да дадеме подетални информации. Досега има намалување на цените и од утрово нема нерегуларности.

Би сакал да причекам додека не го добијам деталниот извештај па до крајот на денот или максимум утре да излеземе со детални информации. ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности зашто одлуките се во интерес на граѓаните. Ова нека биде поттик трговците самосвесно да ги намалат цените, истакна Трајковски.

Тој потсети дека казните за евентуалните непочитувања на одлуките се од 800 до 10.000 евра.

-Апелирам, со оглед дека имаа шест дена период трговците да се прилагот за почитување на одлуката, тоа да го направат зашто санскиите се високи, од 800 до 10.000 евра, а надзорите ќе се вршат до крај и по закон, потенцира директорот на ДПИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mлекото и тестенините од денеска треба да се продаваат по понисики цени

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е задолжително МВР да деташира полициски службеници во сите станици за технички прегледи, велат од МВР

Редакција

Во април раст на каматните стапки на депозите и кредитите

Редакција

И покрај „заканите” од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Редакција