еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Фрлале столови и шут во канализација, па барале помош бидејќи се запушила

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска информира дека по пријавите и жалбите на граѓаните од улицата „Скупи“, крак 22, за запушена канализација, нивните тимови излегле на терен и со помош на механизација и рачно чистење ја отпушиле канализациската линија.

„Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализациската линија. Беа извадени столови, шут и други предмет“, стои во соопштението

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира и повикува на граѓанска одговорност и потсетува дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут.

„Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер. Во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или да го однесат во контејнерите што се наменети за тоа. Бидете одговорни за себе и за другите“, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измените на Кривичниот законик го одложија судењето за „Таргет-Тврдина“, предметот за масовното прислушување

Редакција

Чудата се можни и во Македонија: Бев парализирана, сега повторно можам да одам

Редакција

Каков имот пријавил Беким Сали, кој е разрешен од министерското место во здравство

Редакција