еМагазин
Image default
Македонија

МОН до средношколците: Материјалот за матура е соодветен за вашата генерација

Испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти. Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид-19 и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради штрајк на наставниот кадар. Прашањата ќе се однесуваат исклучиво на најважните аспекти, податоци и информации од материјалот кој учениците го совладале во четирите години од нивното средно образование, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН наведоа дека датумите за полагање на испитите се дефинирани во Календарот за организација на работата на јавните средни училишта во учебната 2022-2023 година и учениците имаат доволно време да се потсетат на тоа што веќе е поминато и научено.

-МОН го цени мислењето на средношколците и затоа тие се дел од креирањето на образовните политики. Во таа насока, денеска на барање Организациіа за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), беше одржана средба во чиј фокус беа подготвителните активности за организирање на процесот на полагање државна матура во учебната 2022-2023 година, наведуваат од МОН

Воедно, од Министерствот најавуваат дека во наредниот период ќе организираат состаноци и со Сојузот на средношколци како и други засегнати институции во овој процес

– Двете страни се согласни дека државната матура е важен процес, затоа што значи заокружување на средното образование и е основен услов за запишување на високообразовна установа. Полагањето ќе се одржи, без притоа ниту еден ученик да биде оштетен по кој било основ, истакнуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средношколци и студенти протестираа пред Министерството за образование и наука

Сојузот на средношолци има четири барања за државната матура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција, договорот е потпишан

Редакција

5 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, регистрирани 544 прекршоци поради неносење маски

Редакција

Кривична пријава од Левица за Левица

Редакција