еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Постарата ќерка првоосомничена за тројното убиство на семејството Поцеста во Дебар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

Според соопштението на ОЈО, првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик.

За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица. Ваквиот предлог беше прифатен и судијата на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува ОЈО.

Истражната постапка продолжува во насока на целосно расветлување на овој настан и обезбедување материјални докази.​

Медиумите деновиве објавија дека позади убиството стои Блерта Поцеста (28), постарата ќерка на убиеното семејство, а нејзините иницијали како приведена беа соопштени во информациите од МВР.

Таа заедно со уште две лица, кои и помагале, стои зад убиството на нејзиниот татко Амит (54), нејзината мајка Назмие (53) и нејзината сестра Анила (14).

Блерта по убиството на 26 август се вратила во Италија, а потоа се вратила во Македонија за да присуствува на погребот на нејзината фамилија.

За сега нема информации кој е мотивот за тројното убиство.

Полицијата оружјето со кое е извршено убиство го нашла на бензинска станица во Тетово.

Семејството е убиено на спиење.

Видео: LE NOTIZIE DEL GIORNO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива: Немаме информации дека ќе бидеме заменети во Владата во која бевме замолени да влеземе

Редакција

Советникот на ДУИ, Усеини и неговиот брат се во притвор: По шест дена бегство сами се пријавиле

Редакција

(Видео) Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Редакција