еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година.

Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра.

Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.

Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза.

Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително падна. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.

Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четиригодишно дете донесено на Клиника, претепано и со рани

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на горива „тежок“ 400.000 евра

Редакција

Апелација ја укина пресудата за „Tоплик“ и предметот го врати на повторно постапување

Редакција