еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тројца поранешни директори на „Маѓар Телеком“ добија по осум години затвор

Тројца поранешни директори на „Маѓар Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус добија по осум години затвор, во отсуство, соопштија од Основен суд Скјопје 1.

Согласно неправосилната пресуда, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело Несовесно работење во службата.

Поранешните високи функционери во компанијата се обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.

Обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Репбулика Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Случајот за „Маѓар Телеком“ се водеше уште од 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската берза долгорочно ги суспендира „АрцелорМиттал“ и „Благој Тифанов“

Редакција

Во последните три дена регистрирани 147 нови случаи на Ковид-19 од 3.722 тестови

Редакција

МВР има нови сознанија за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски

Редакција