„Со цел да ја подигнеме свеста за видливата и невидливата попреченост и да допринесеме таа да стане видлива и повеќе да се слушне за неа, одлучивме за прв пат во нашата земја да ја обележиме со организирање на хуманитарна инклузивна штафетна трка која ќе се одржи на 20-ти мај 2023 година.
Во знак на поддршка на лицата со попреченост сакаме преку трката да ја испратиме пораката дека ги разбираме, прифаќаме и сакаме сите лица со видлива и невидлива попреченост и да се најдеме сите на едно место, да го поминеме истиот пат, истата трка, за да создадеме заедно едно поинклузивно општество, порака дека сите сме исти и дека само сите заедно можеме да стигнеме до целта,“ велат организаторите.
Од таму додаваат дека трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.
Трката може и да се пешачи, може и да се трча со носење во раце, да се држиме за рака.
Инфо за трката
Опис: Штафетна трка во трчање 1.000 метри со различни инклузивни тимови.
Датум: 20.05.2023.
Локација: Градски Парк – Школка, Скопје.
Време на стартот: 11 часот.
Тип на трка: штафетно трчање со 4 измени.
Забава: 12:00 часот.
Пријавување: www.smartrace.club