еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.

Малопродажната цена на дизелот се намалува за еден денар за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ се зголемува за еден, а на „Еуросупер БС-98“ за 1,5 денари за литар.

Така, дизелот ќе се продава за 73, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, „Еуросупер БС-95“ за 82, а „Еуросупер БС-98“ за 84,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 37,628 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,09 отсто, кај дизелот има намалување за 1,04 отсто, кај екстра лесното масло за 1,718 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,306 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 1,028 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција

Дури 6.352 апликации за распределба на 11 милиони евра: Кои се добитниците на пари за проекти во културата?

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот за изградба на државни згради во Бутел „тежок“ 8,4 милиони евра

Редакција