Според податоците на Институот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот 20-26.03.2023 година се регистрирани 180 нови позитивни случаи, со зголемување од 6,5% во однос на минатата недела (n=169).
Процентот на позитивност се движи од 8,7% до 18,0%, просечно 13,7%
-Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 12 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=84; 46,7%), a највисока инциденца е регистрирана во Прилеп (30,9/100.000 жители).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=80; 44,4%).
Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.
Во текот на минатата недела (20-26.03.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 110 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 34,1% помалку во однос на минатата недела (n=167).
Во текот на минатата недела, пријавени се 55 реинфекции, за 12,2% повеќе во однос на претходната недела (n=49).
Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (20- 26.03.2023), лицето е од Скопје, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 89 години, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Фото: МЗ