еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Лазарополе: Дрвосечач починал откако му паднало дрво на главата

На 04.09.2018 година околу 10.30 часот во шума, атар на с.Лазарополе, општина Маврово-Ростуше, на место викано „Јама“, на оддел 87 со кој стопанисува Националниот парк „Маврово“, на К.Ц.(53) од Република Албанија, при сечење на буково стебло со моторна пила, една од гранките му паднала врз главата по што изгубил свест, информира МВР.

Со службено возило од Националниот парк тој бил префрлен до Медицински центар Дебар, од каде поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил префрлен до Клинички центар Охрид. На 05.09.2018 година околу 02.00 часот лицето починало во болницата во Охрид. Инаку, К.Ц. бил ангажиран од приватна фирма од Струга, која имала тендер за сеча,дотур и транспорт на огревно дрво.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметководителка 44 пати оправдувала директор на јавно претпријатије во Охрид за неоправдани патни трошоци

Редакција

Се тепале тројца на двајца кај фонтана во Градски парк

Редакција

56-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Скопје

Редакција