еМагазин
Image default
Локално

Сметководителка 44 пати оправдувала директор на јавно претпријатије во Охрид за неоправдани патни трошоци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.Т.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,помагање“ во врска со ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 16.02.2013 година до 08.11.2017 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, во 44 наврати подигал парични средства за гориво и дневници за службено патување, по што не приложил соодветна документација за оправданост на истите.

Притоа, во периодот од 2014 година до 2017 година, второпријавената, како сметководител во наведеното јавно претпријатие, подигнатите парични средства од првопријавениот ги оправдувала со патни налози од истиот, со што пријавените нанеле штета од 313.020 денари на јавното прептријатие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска бркотница во Скопје: Со „Пасат“ полн марихуана и бегал на полицијата

Редакција

Крвава тепачка меѓу навивачи во Скопје, приведени шест лица

Редакција

Жена тешко повредена по пад во отворена шахта на гробишта

Редакција