еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Аргентинска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на аргентински специјалитети со звуците на тангото

Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови, информираат од таму.

На 7 и 8 април 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи настанот „Аргентинска вечер“ каде посетителите ќе можат да уживаат во традиционалната аргентинска храна, приготвена по автентични рецептури, кои потекнуваат од аргентинската кулинарска традиција.

Посетителите ќе можат да ги вкусат автентичните аргентински специјалитети од менито „Буенос Аирес“, подготвени од искусниот главен готвач на хотелот и од неговиот тим.

Ова мени е базирано на специјалитети од телешко месо, што е карактеристично за аргентинската кујна.

Имено, Аргентина е најголем потрошувач на црвено месо во светот како резултат на неговата големата застапеност во исхраната на Аргентинците.

Аргентинската магија преточена во автентични вкусни рецепти ќе биде збогатена со врвните вина на најголемата македонска винарница „Тиквеш“.

Аргентинскиот дух ќе биде дополнително зачинет со енергичното аргентинско танго, кое ќе го изведат дел од танчерите учесници на меѓународниот маратон во танго, кој ќе се одржува во Limak Skopje Luxury Hotel.

Аргентина или сребрената земја има автентична кујна чија основа потекнува од шпанската и италијанската кујна. Во неа, во голема мера се застапени телешкото месо и тестенините. Аргентинците се познати и по производство и консумација на вино и се петти најголем производител на вино во светот.

„Аргентинската вечер“ ќе се одржува на 7 и 8 април 2023 година со почеток од 19:30 часот, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации во Limak Skopje Luxury Hotel.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Редакција

Уапсени креаторот и администраторот на „Јавна соба“, Обвинителството бара притвор

Редакција

Убава вест: Оздравени 60 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција