еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Потоа во следните три дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина кралицата на соул музиката Арета Френклин

Редакција

За викендот нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Во Скопје се пријавиле 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2020“

Редакција