еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Момче со аутизам било врзувано на Психијатриската клиника во Демир Хисар, надлежните го испитуваат случајот

Салка Абдуловска, мајка на аутистично дете, на својот Фејсбук-профил објави дека нејзиното дете било врзувано на Психијатриската клиника во Демир Хисар и дома било пуштено со рани по телото.

„После месец дена, мојот син денес го земавме од Психијатриската боилница. Не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате? Вака не се смирува ова дете, ова е насилство. Барам одговорност за овие рани што бил врзуван,“ пишува Абдуловска.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со овој случај изјави дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.

Тој додаде дека вонредниот инспекциски надзор завршил и веќе имало извештај и дека имало пропусти и во дијагностицирањето и во лекувањето на момчето.

„Веднаш дадов наредба, се формираше стручна комисија и ќе биде на терен што е можно побрзо, на лице место и експерти од сите области ќе одлучат каде точно се пропустите. По нивниот извештај, ќе преземеме други мерки,“ нагласи министерот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Падот на новодијагностицирани со Ковид-19 виси на конец

Редакција

Вучиќ за извисувањето на Македонија и Албанија од ЕУ: „Мораме да градиме најблиски односи и да не очекуваме ништо од никого“

Редакција

(Фото) ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје-Љубљана на „Виз ер“

Редакција