еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Падот на новодијагностицирани со Ковид-19 виси на конец

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во македонија.

„19.03.2022. Падот на дневните бројки на новодијагностицирани на државно ниво виси на конец.

На првиот дијаграм забележуваме дека 7-дневната (брзата) подвижна средина само што не ја пресекло 14-дневната (бавната) подвижна средина оддолу нагоре.

Ќе биде многу чудно ако од толку стрмо намалување за толку кратко време тргнеме одново нагоре, но таа можност е реална.

Претстојното затоплување на времето можеби ќе успее да нé врати во надолен тренд, но не мора да значи – доволно е да се потсетиме на избувнувањето во ланскиот август, т.е. пристигнувањето на делта сојот.

Во Битола, инаку, бројките веќе започнаа да искачуваат (зелената линија на вториот дијаграм).

Засега бавно, но веројатно ова е само почеток.

Во наредните недели тоа ќе стане видливо и со голо око.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Новите соеви на Ковид-19 за две недели би можеле да донесат нов бран

Проф. Трајковски: Идните бранови на Ковид-19, доколку ги има, би требало да бидат се послаби и со сé помалку жртви

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На дното: Можат само да сонуваат просечна плата

Редакција

Повеќе машки отколку женски лица меѓу новозаболените од корона вирусот

Редакција

Мерките во Дебар дадоа резултати: Шести ден без новозаразени од корона вирусот

Редакција