еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мерките во Дебар дадоа резултати: Шести ден без новозаразени од корона вирусот

Во Дебар денеска е шести ден како нема нови заболени со Ковид-19, според податоците на Министерството за здравство.

Тоа значи дека бројката на заразени во оваа општина е 49, од нив двајца, кои беа и првозаразени, се од соседната општина Центар Жупа.

Од вкупната бројка, 16 се излекувани, 29 се на домашно лекување, а четворица починаа. Во моментов, како што потврдуваат од Оперативниот штаб, се чекаат резултати од тестираните 13 сомнителни случаи.

Во општините Дебар и Центар Жупа, каде на 13 март беше прогласена кризна состојба, поради опасниот вирус во домашна изолација се 79 лица или осум повеќе споредено со вчера.

Во двете општини, според Одделението за внатрешни работи од Дебар, десеттина дена не се забележани непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

Градоначалниците на двете општини, Хекуран Дука на Дебар и Аријан Ибраим на Центар Жупа, во континуитет апелираат до граѓаните на строго почитување на мерките и препораките, пред се да не се излегува без некоја неопходна потреба, да се одржува социјалната дистанца и да се избегнуваат домашни посети.

Продолжува да пристигнува хуманитарна помош од институции, организации, фирми и поединици која потоа се распределува на семејствата во социјален ризик, а снабдувањето на населението со прехранбени артикли и лекови се одвива непречено.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука информираше дека е упатено барање до Владата да информира каков ќе биде статусот на општините Дебар и Центар Жупа, по 11 април кога изминува
периодот на кризната состојба.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 11 април изминува периодот на кризна состојба, ќе останат ли Дебар и Центар Жупа во карантин?

(Мапа) Куманово се поблиску до Дебар по бројот на заболени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Трагично е што уште дискутираме за женска рамноправност“: Твитер за 8. Март

Редакција

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола во алкохолизирана состојба, врзала едно од децата за кревет

Редакција

Здравствените работници ќе добијат поголеми плати

Редакција