еМагазин
Image default
Техно

Апликацијата за корона вирусот ќе даде одговор на епидемиолозите со кој сме биле последните 14 дена

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во емисијата „Вин Вин“ на „Телма“ ја објасни мобилната апликација за справување со корона вирусот и најави дека таа е целосно подготвена.

„Успеавме да најдеме технолошко решение кое ќе го даде потребниот одговор на епидемиолозите со кого сме биле во контакт последните 14 дена, а притоа да не е инвазивно, да нема никаков допир со нашите лични податоци.

Секој оној кој ќе ја симне апликацијата ќе му биде генериран сосема нов апликациски број (код) кој нема никаква врска со нас и нашиот датум на раѓање, мобилен телефон, матичен број,“ појасни Манчевски.

Според министерот, тоа е нов код кој досега воопшто сме го немале и кога ќе дојдеме во радиус од два-три метри, нашиот мобилен уред ќе ги зачува кодовите на уредите што биле во наш радиус.

„Овие податоци ќе се чуваат само и единствено на нашиот мобилен уред. Нема да бидат никаде предадени. Сите податоци постари од 14 дена, по автоматизам ќе се бришат.

Но доколку, се надевам дека не, некој од граѓаните се покаже дека е позитивен на тестот за Ковид-19 ќе биде повикан од страна на Министерството за здравство своеволно да ги предаде овие кодови до Министерството. Дури тогаш и само тогаш овие кодови ќе бидат поврзани со мобилните броеви на луѓето кои биле во наша близина, со другите кодови,“ додаде Манчевски.

Целта е епидемиолозите подоцна да ги информираат овие граѓани, но и да дадат соодветни насоки за самоизолација.

Апликацијата, најави, е целосно подготвена и таа е достапна само на граѓаните кои имаат паметен телефон (смарт уред).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

StopKorona!: Мобилна апликација за справување со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец од Прага претстави иновативна апликација – Тргување на берза преку фудбалски тимови

Редакција

Безбедноста на податоците не е шега!

Редакција

Со A1 Go Social неограничено сурфање и на Twitter без трошење дополнителен интернет

Редакција